Седум најпосакувани дестинации за работа од далечина – меѓу нив и земја од регионот

35

Работниците кои работат од далечина (дигитални номади) станаа доминантни на пазарот на трудот, во текот на целата 2020 година, кога се појави пандемијата, а овој тренд се пренесува до 2021 година.

CNBC предлага неколку одлични места за работа од далечина, а на списокот на само неколку светски локации се наоѓа и Хрватска.

Монсерат е остров во карипскиот регион, односно британска прекуморска територија. Туристите не можат засега да го посетат, но дигиталните номади можат. Може да се престојува до 12 месеци, а повеќето работници се од САД, Канада и Европа, Велика Британија. Дигиталните номади мора да имаат здравствено осигурување и да заработуваат најмалку 70.000 долари годишно.

Бахамите е една од најпосетуваните дестинации на планетата. Дозволата за престој трае до една година. Процесот на апликација чини 25 долари. Избраниот “тим“ може да го смени своето место на живеење, односно да избере помеѓу 16 острови на Бахамите.

Дубаи според CNBC e уште еднo погоднo место за сите оние чија работа не е поврзана со канцеларијата. Секој може да аплицира, со доказ дека заработува минимум 5.000 долари месечно. Потребно е здравствено осигурување, кое е признато во ОАЕ.

Маурициус се промовира како ковид безбедна локација. Државата остров, која брои околу 1,3 милиони луѓе, досега има нешто повеќе од 600 позитивни случаи на вирус. “Премиум визата“ им гарантира на дигиталните номади и пензионерите престој во Маурициус до 12 месеци.

Хрватска исто така се најде на списокот на CNBC, а земјата започна да ги повикува дигиталните номади во јануари годинава, што  е дел од планот за закрепнување на економијата на земјата, која пред сè зависни од туризмот. Минималната сума на пари што треба да ја заработат за еден месец е околу 2.590 долари.

Островот Мадеира во Португалија, исто така се најде на списокот.На островот засега престојуваат 250 работници кои работат од далечина, а кои користат работни простории, кафулиња или ресторани со бесплатен интернет.

Порторико е мала егзотична земја, која исто така сака да привлече туристи кои би придонеле за нејзината економија. Нема официјална програма, но познато е дека Американците можат слободно да престојуваат во Порторико. Ним не им е потребен пасош и можат да ги земат своите миленици. Сè што им треба е негативен резултат на ПЦР тест.

Фото: Freepik