Секој петти потрошувач во земјава користи мобилен телефон за бесконтактно плаќање

89

Вкупното користење на бесконтактниот начин на плаќање со Visa картичките во нашата земја порасна за 113% во однос на март минатата година, а 86% од граѓаните на Македонија се подготвени да вршат бесконтактни трансакции затоа што им носат мноштво предности. Тоа го покажува првото регионално истражување на компанијата Visa во рамките на кампањата Во чекор со дигиталната иднина, кое е спроведено во текот на мај, на примероци од по 500 корисници на картички во земјите од регионот, во старосна граница од 18 до 55 години.

Според податоците, секој четврти граѓанин на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес редовно користи бесконтактни картички, но лидер во регионот по употреба на бесконтактна технологија е Македонија, каде што дури 68% од испитаниците го користат овој метод при плаќање. Од друга страна, Албанија бележи најниска употреба – дури еден од 10 потрошувачи плаќа на овој начин, но купувачите во оваа земја се мотивирани да се запознаат подобро со оваа технологија и да ги користат нејзините придобивки. Како главни предности на употребата на бесконтактни картички се истакнуваат брзината (65% од корисниците го навело ова како бенефит), едноставност за ракување (65%) и практичност (65%).

Околу 38% од купувачите кои не користат бесконтактни картички, како причина ја наведуваат тоа што банката не им понудила таква можност, додека 9% истакнуваат дека не знаат дека постои таква опција во Македонија или пак се загрижени за безбедноста во текот на користењето – 18%. Шест проценти од корисниците признале дека не се сигурни како се употребуваат бесконтактните картички.

Во исто време, скоро секој петти потрошувач во нашата држава користи мобилен телефон за бесконтактно плаќање, додека 77% се запознаени со опцијата мобилен паричник. Околу 68% од корисниците изразиле желба во иднина да плаќаат преку апликација на мобилните телефони, додека 30% се воодушевени од таквата можност. Мнозинството од испитаниците ја истакнале практичноста како позитивна околност на ваквиот вид на бесконтактна трансакција и со тоа што “благодарејќи на оваа опција можат да ги остават картичките и готовината дома“. Една петтина од испитаниците сметаат дека овој вид на плаќање е забавен и интересен бидејќи сакаат да бидат во тренд со остатокот од светот. Како главни недостатоци на мобилниот паричник наведени се безбедноста и ограниченоста на бројот на места каде таков вид на плаќање е овозможено.

Пандемијата ги промени потрошувачките навики и влијаеше на новите технологии при плаќање. Речиси половина од граѓаните во регионот покажаа голем интерес за користење на мобилно бесконтактно плаќање во иднина. Според тоа, штотуку ја претставивме Apple Pay услугата во Србија, благодарение на што корисниците на картичката Visa во Raiffeisen банка можат да уживаат во дополнителните бенефиции и да плаќаат производи и услуги со едноставно наслонување на својот мобилен телефон. На почетокот на годината оваа услуга стигна во Црна Гора, а во план ни е дигиталниот паричник да го претставиме и во другите земји од регионот и да ги поврземе со иновативната, сигурна и безбедна платежна мрежа”, кажа Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа.

Visa неодамна во сите земји од Југоисточна Европа го зголеми максималниот износ за бесконтните трансакции за кои не е неопходен внес на PIN код. Во Македонија тој лимит е зголемен на 2.500 денари, што претставува унапредување од 25% во однос на претходната сума и го олеснува вршењето на секојдневните трансакции.

Компанијата Visa е посветена на пружање поддршка на компаниите кои се погодени од пандемијата и сака со својата експертиза, анализа на податоците и производите да им овозможи што побрзо да застанат на нозе. Во наредниот период, светскиот лидер во дигитални плаќања ќе ги претстави резултатите на целокупното регионално истражување, за да ја запознае јавноста со новитетите во потрошувачките навики и на тој начин да може да им помогне на владите и фирмите во носењето на важни одлуки.