Секој шести млад вработен во светот останал без работа поради пандемијата

58

Секој шести млад вработен во светот ја загубил работата во текот на пандемијата предизвикана од коронавирусот, покажува анкетата на Меѓународната организација а трудот (International labor organization – ILO).

Податоците на ILO, исто така, покажуваат дека кризата што со себе ја донесе коронавирусот, ги намалува шансите на младите луѓе повторно да се вклучат на пазарот на труд. Вкупно 10% од студентите сметаат дека нема да можат да ги завршат студиите што ги започнале, а половина планираат да го одложат школувањето.

Во анкетата на ILО учествувале 11.000 испитаници на возраст од 18 до 29 години.

Невработеноста кај младите и пред да избие корона кризата, била 13,6% што е повисока одошто во времето на глобалната финансиска криза во 2008 година.

Фото: Freepik