Секој трети стан изграден лани е двособен

188

Речиси секој трети стан што е изграден минатата година е двособен, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број на изградени станови во 2018 година, најмногу се изградени трисобни станови (32,2%), а најмалку гарсониери и еднособни (9,8%). Учеството на двособните станови во вкупниот број на изградени минатата година е 31,8%, на четирисобните е 15,9%, а пет и повеќесобните 10,4%.

Статистиката покажува дека бројот на завршени станови во 2018 година е за 3,3% помал во однос на претходната година. Просечната корисна површина на завршените станови е 84,8 метри квадратни.

Инаку, во вкупната вредност на потрошени градежни материјали и енергија, во текот на минатата година, најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3.535.280.000 денари или 38,6%, во којашто спаѓаат цементот, свежиот бетон подготвен за лиење и асфалтот. Втори се изолациските материјали и премази во висина од 1.158.258.000 денари, додека трети се материјалите за армирање и прицврстување со 1.034.938.000 денари.

Фото: Pexels