Секоја пратка на храна што се увезува во Македонија подлежи на контрола

30

hrana

Секоја пратка на храна што се увезува во Македонија подлежи на инспекциска контрола од надлежните служби, рече денеска Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Ова особено важи за производите што се увезуваат од земјите од регионот кои неодамна беа зафатени од поплави.

“Од наша страна е подигнат степенот на контрола онаму каде што се очекува дека може да настане опасност. Доколку за одредени производи се процени дека постои ризик од внесување на одредени болести или неисправна храна се подигнува степенот на контрола во насока на зголемување на бројот на мостри кои ќе бидат земени на граница“, рече Рунтевски.