semaforko.mk – интернет сообраќајна едукација на децата

111

Во услови кога надлежните институции препорачуваат ограничено движење на децата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со препорака до родителите да бидат активни, креативни и да го исполнат времето на децата со едукативни активности и едукативни содржини.

Оваа е време кога можете и треба да поработите заедно со децата и да ги научите како треба да се однесуваат со цел да бидат безбедни во сообраќајот. Во таа насока потенцираме дека сообраќајната едукација на децата никогаш не е доволна и никогаш не е досадна.

Согласно тоа, РСБСП препорачува да се користи веб страната за деца  https://semaforko.mk/ каде што децата на креативен и забавен начин може да научат многу нешта за патниот сообраќај.

Поточно, на веб страната ќе најдете:

  • совети за децата за безбедно учество во сообраќајот
  • боенки со мотиви од сообраќајот
  • сообраќајно едукативна литература за деца
  • едукативни видео спотови за деца
  • тест за проверка на знаењето од областа на сообраќајот
  • корисни совети за родителите
  • други креативни содржини

Време е да се обноват знаењата во сообраќајот. Безбедни учесници во сообраќајот од најрана возраст.