Шпанија ги зголемува даноците на богатите за да ја спаси економијата

44

Шпанската влада ги објави плановите за зголемување на даноците за големите компании и луѓето кои заработуваат најмногу, со цел тие пари да ги вложат во социјална заштита и инфраструктура, како дел од планот за буџетот за 2021-ва година.

Шпанската економија претрпе тежок удар поради пандемијата на коронавирусот и се очекува да падне за 11,2% во оваа година, но владата планира да го зголеми буџетот за 6,8 милијарди евра во следната година, што ќе им даде поголема моќ да најдат излез од оваа криза.

“Буџетот не може да се одложува понатаму. Ни треба ова со цел да ја модернизираме и закрепнеме економијата“, рече премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

Дури и Меѓународниот монетарен фонд објави минатата недела дека засега приоритет е да се стави пандемијата под контрола, а потоа и да зајакне економски.

Фото: Pixabay