Што е гејмификација?

694

Пред 2010 година овој поим скоро и да не постоеше, а денес овој пазар надминува вредност од шест милијарди долари. Проценките велат дека до 2022 година, пазарот на гејмификација ќе вреди околу 23 милијарди долари, а годишната стапка на раст надминува 40%.

Гејмификација претставува примена на гејмерски принципи во негејмерско окружување. Тоа е примена на гејмерски начин на размислување во работата со цел учесниците во играта да бидат поттикнати да решат одреден проблем или предизвик. Таа не се применува само во бизнисот, туку и во образованието, спортот, педагогијата, политиката, управувањето со отпад и други области.

За да биде гејмификацијата успешна, потребно е играта да има јасни правила, да биде интересна, транспарентна, да го поттикнува натпреварувачкиот дух на учесниците и играта да носи некаков бенефит.

За да се каже дека една игра е успешна, таа мора да содржи предизвици, награди и да овозможи напредок. Тоа значи дека од играчот се бара да постигне некаков резултат за да продолжи понатаму. За секој успешно решен предизвик, играчот ќе добие соодветна награда.

Постојат две области во коишто гејмификацијата има најчеста примена – маркетинг и човечки ресурси. Што се однесува до маркетингот, гејмификацијата најчесто се применува за зголемување на лојалност на купувачите, а кога станува збор за човечките ресурси, гејмификацијата најчесто се применува при регрутирање и селекција, како и процесот на оценување и наградување на вработените.

Гејмификацијата во бизнисот може да донесе различни придобивки, како што се: зголемена продуктивност, поголема ефикасност, пониски трошоци, зголемен обем на продажба, зајакнување на организациона култура, поголемо задоволство на вработените, унапредување на меѓучовечките односи во компанијата, креативно изразување…

Пример за гејмификација

Играта на компанијата Starbucks е одличен пример за трансформација на традиционална програма за лојалност базирана на купони на програма на лојалност базирана на социјални мрежи. Играта започна во 2010 година и функционираше на тој начин што купувачите при секое купување, добиваа ѕвездички што подоцна можеа да ги заменат за бесплатен пијалак или попуст. Играта имала три нивоа и играчите што го поминувале и третото ниво добивале вредни награди за својата лојалност.

Фото: Pexels