Што е NFC?

385

Со оглед на тоа дека секојдневно сме поврзани со технологијата, многумина од нас ја сретнале некаде кратенката NFC, но не секој знае што таа значи?

Near Field Communication, како што самото име кажува, овозможува комуникација во краток опсег помеѓу два компатибилни уреди. За да може сето ова да функционира потребно е барем еден уред што емитува и уште еден уред што добива сигнали.

Постојат два типа на вакви уреди, пасивни и активни NFC уреди. Пасивните имаат мали преносници коишто можат да праќаат информации до други уреди без потреба од сопствен извор на енергија. Тие најчесто имаат форма на интерактивни знаци на  ѕидови или огласи.

Активните уреди можат и да праќаат и да примаат податоци и да комуницираат помеѓу себе и со останатите пасивни NFC уреди. Еден пример за вакви уреди се читачите на картички во јавниот превоз и ПОС терминалите на продажните места.

NFC работи на принципот праќање на информации преку радио бранови.

Фото: Pixabay