Што е платформа?

588

Платформа претставува збир од технологии коишто се користат како база врз којашто се развиваат други апликации, процеси или технологии.

Кога станува збор за персонален сметач, платформа е основниот хардвер (компјутерот) и софтвер (оперативниот систем) врз којшто можат да функционираат софтверски апликации.

Поимот компјутерска платформа генерaлно се однесува и на оперативен систем и на хардверот на компјутерот. Платформата работи во согласност со одредени стандарди коишто им овозможуваат на програмерите да развијат софтверски апликации за истата.

Стандардите, исто така, им “дозволуваат“ на сопствениците и менаџерите да купуваат соодветни апликации и хардвер.

Порано апликативните програми напишани за една платформа не би работеле на друга. Но, денес програмерите развиваат и софтверски алатки коишто овозможуваат одредени апликации да функционираат на повеќе платформи.

Поновите веб страници им дозволуваат на надворешните plug-in да делуваат како да се дел од нив.

Затоа денес за некои веб страни се вели дека се платформи, од причина што истите се користат како основа за извршување на софтверски програми на други апликации.

Пример за компјутерска платформа е лаптоп којшто има Windows оперативен систем, или Apple компјутер со Mac OS X оперативен систем.

Фото: Pexels