Што е револвинг кредит?

2802

Фото: Pixabay

Револвинг кредитот претставува договор по којшто кредиторот става одреден износ на парични средства на компанијата, со тоа што таа може да ги користи во секој момент во облик на континуиран краткорочен кредит.

Овој вид на кредит се одобрува како рамковен износ. Секое користење го намалува износот на расположливи средства, а враќање на одреден износ го обновува кредитот до рамковниот износ. Кредиторот е должен да му обезбеди средства на корисникот на неговиот прв повик. За таа цел, банката пресметува commitment fee, односно надоместок за отворање на кредитна линија, а должникот има обврска да плаќа и во моментот кога не користи од одобрените средства.

Она што е важно кај овој вид на кредит е редовното плаќање на камата, а отплатата на кредитот е отворена можност во секое време, па може да се изврши одеднаш или во делови.

Револвинг кредит често им се одобрува на мали компании во вид на тековни средства или за развојни проекти на поголеми компании. Можно е компанијата да го користи овој заем за одржување на ликвидност на компанијата.

Она на што треба да внимава корисникот на овој кредит, е тоа што е можно порано да го отплати долгот, бидејќи на тој начин ќе плаќа пониска камата. На крајот на месецот се пресметува камата на остатокот на долгот, што се препишува на главнината.