Што ги поврзува Бразил, САД и Канада?

31

Сојата е намирница што честопати го “заменува“ месото. Може да се готви на разни начини и да се комбинира со разновидни намирници. Луѓето кои не јадат месо ја одбираат сојата како алтернатива.

Минатата година од извоз на оваа намирница биле заработени 59,3 милијарди долари на глобално ниво. Бразил е лидер во светот со 56% од вкупниот извоз на соја. Гледано по континенти Јужна Америка е на прво место со 63%, втора е Северна Америка со 32,7%, додека помал процент отпаѓа на европските земји 3,6%.

Еве како изгледа топ 10 листата според World Top Exports:

  1. Бразил – 33,2 милијарди долари (56% од вкупниот извоз)
  2. САД – 17,2 милијарди долари (29%)
  3. Канада – 2,2 милијарди долари (3,7%)
  4. Парагвај – 2,2 милијарди долари (3,7%)
  5. Aргентина – 1,4 милијарди долари (2,3%)
  6. Украина – 831,5 милиони долари (1,4%)
  7. Уругвај – 534,7 милиони долари (0,9%)
  8. Холандија – 426,3 милиони долари (0,7%)
  9. Русија – 292,7 милиони долари (0,5%)
  10. Белгија – 126,6 милиони долари (0,2%)

Македонија ја нема на листата.

Фото: Pixabay