Што ги прави луѓето посреќни – патување или скап шопинг?

81

Луѓето се посреќни кога патуваат, одошто кога купуваат, покажува истражувањето на Универзитетот Корнел во Њујорк.

Податоците од истражувањето покажуваат дека нивото на среќа е исто и кога луѓето патуваат и кога одат во шопинг. Но, сепак постои голема разлика, па така среќата од купување на некој омилен производ трае некое време, додека кај патувањата таа трае многу подолго и остава поголем ефект.

Тоа значи дека купените производи по некое време се забораваат, додека сеќавањата и спомените од некое патувања се паметат многу подолго.

Прошетките во природа, посета на некоја знаменитост, одмор на некоја далечна дестинација… сето ова предизвикува сеќавања што траат долго и ги прават луѓето многу посреќни. Купувањето омилена гардероба, скап мобилен телефон или нов автомобил може да предизвика моментална среќа, додека не дојде моментот да се купи нешто друго.

Фото: Pexels