Што им е заедничко на Франција, Италија и Шпанија?

32

Франција, Италија и Шпанија минатата година беа најголеми извозници на мармалад во светот, покажуваат податоците на World’s top exports.

Извозот на мармалад на глобално ниво достигна вредност од 3,33 милијарди долари во 2019 година или 7,5% помалку во однос на 2018 година.

Франција од извоз на мармалад лани заработи 409 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници лани беа и: Италија (276,3 милиони долари), Шпанија (261,3 милиони долари), Германија (236,8 милиони долари) и Турција (219,2 милиони долари).

Меѓу 15-те најголеми извозници на мармалад во светот ја нема земјава, ниту некоја од земјите во регионот.

Фото: Freepik