Што има во Вашата кујна?

25

sto ima vo vasata kujna opm

Што има во Вашата кујна (www.whatsinyourkitchen.eu) е интернет страница развиена од страна на Европската организација на потрошувачи (BEUC), како дел од проектот започнат заедно со организациите на потрошувачи од 12 земји членки на BEUC, меѓу кои и Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ).

На сајтот се прикажани главните прашања коишто беа опфатени во студијата на BEUC на тема Информирани избори при консумирање на храна за поздрави потрошувачи. При изработка на сајтот учествуваа и експерти од работната група за храна при ОПМ.

Сајтот е целосно преведен на македонски јазик, а може да се пристапи преку доменот www.whatsinyourkitchen.eu.