“Што може да донесе СЕПA за банкарството и реалниот сектор“- тема на настан во СКМ

19

“Што може да донесе Единствената европска платежна област (СЕПА) за банкарството и за реалниот сектор во Република Македонија?“ е тема на настанот што денеска го организира Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија (СКМ).

Предавачи на значајни теми од банкарскиот систем ќе бидат Томаз Хладек, виш советник на Претседателството на Чешката банкарска асоцијација и Мартин Кадорик, заменик-извршен директор за услуги за трансакции и плаќања на Комерцијална банка АД Прага.

Предвидено обраќање на гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, на претседателот на Здружението на банкарството, Ѓорѓи Јанчевски, и на неговиот заменик Јитка Пантучкова.

Настанот е организиран во соработка со Европската банкарска федерација (ЕБФ).