Што побараа 400 светски политичари од најбогатиот човек во светот

153

Четиристотини светски политичари, испратиле писмо до основачот на Amazon, Џеф Безос.

Во писмото, тие бараат од компанијата да ги смени деловните практики, а Безос да дејствува како глобален корпоративен граѓанин.

Во писмо до извршниот директор на Amazon и најбогатиот човек на светот со нето вредност од 185 милијарди долари, лидерите велат дека светот “знае дека Аmazon може да си дозволи да им плаќа на своите работници, еколошки трошоци и даноци“, но дека компанијата “избегнувала да ги плаќа долговите кон работниците, останатите компании и планетата“.

Меѓу потписниците на писмото до Безос се американските конгресмени Илхан Омар и Рашида Тлаиб и потпретседателката на Европскиот парламент Хајди Хаутала, како и голем број членови на парламенти од Велика Британија, како и политички фигури од Турција, Франција и Грција.

Тие посочуваат дека богатството на Безос драматично се зголеми за време на пандемијата затоа што потрошувачите се снабдуваат со основни добра и повеќе се свртуваат кон купување преку Интернет.

Политичарите ширум светот сакаат Amazon да ги зголеми платите на своите работници во сите магацини, да се посвети на нулта емисии на штетни гасови до 2030 година, тврдејќи дека влијанието на јаглерод диоксид во Amazon е “поголем од емисиите на две третини од земјите низ целиот свет“, како и да обезбеди транспарентност во врска со приватноста и користењето на податоците на своите клиенти.

Фото: Facebook