Што ѝ помогна американската економија да заздрави од пандемијата?

29

Според Федералните резерви, економското закрепнување на САД продолжува со умерено темпо од почетокот на април до крајот на мај, покажуваат официјалните податоци.

Вакцинирањето и укинување на ограничувањата ѝ помогнаа на американската економија да закрепне од последиците од пандемијата. Но, проблемите во процесот на снабдување остава негативно влијание. Некои компании успеале да ја искористат поголемата потрошувачка за да можат на купувачите да им ги пренесат повисоките трошоци за увоз на суровини.

Во САД има и голем број компании што се борат со повисоки цени на производите, проблеми во процесот на снабдување со суровини и недостиг на работна сила.

Компании од туристичкиот и угостителскиот сектор имаат раст на економската активност бидејќи вакцинираните Американци повеќе патуваат. Во Њујорк пополнетоста на хотелите, за првпат по пандемијата, достигна 50% од вкупниот капацитет, а цените на собите се зголемија, додека музеите и рестораните бележат пораст на посетеност.

Федералните резерви во овој момент ја помагаат американската економија со купување обврзници во вредност од 120 милијарди долари. ФЕД планира да го задржи овој потег сè додека не постигне значаен напредок во стабилност на цените и невработеноста.

Фото: Pexels