Што требаше да направи Шведска поинаку во борбата против коронавирусот?

78

Премногу луѓе починаа прерано, а Шведска требаше да направи повеќе за да го сузбие ширењето на коронавирусот во рана фаза, рекол главниот епидемиолог на оваа земја, Андерс Тегнел.

“Кога повторно би се соочиле со истата болест, знаејќи го она што го знаеме денес, мислам дека би одлучил да направиме нешто помеѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот од светот“, рекол Тегнел.

Еден од неговите норвешки колеги, Фроде Форланд, специјален директор за заразни болести и јавно здравје на Норвешкиот институт за јавно здравје, минатиот месец го обвини својот шведски колега поради ставот во борбата против ширење на пандемијата, пренесува The Local.

“Забележавме дека по многу работи оваа епидемија се разликува од епидемијата на грип: Имаше многу повеќе заразени и многу сериозна стапка на смртност, којашто беше можеби пет пати поголема, а заразноста три пати поголема“, рекол Форланд.

Во екот на пандемијата, Шведска се заложи за поблаги мерки за рестрикција, како што се забрана за јавни собири на повеќе од 50 лица, забрана за посета на домови за стари лица, затворање на универзитети и училишта за деца постари од 16 години, но и потпирање на доброволните мерки на граѓаните за сузбивање на ширење на заразата.

Таквиот пристап можно е да има одредено влијание, бидејќи се верува дека сезонскиот грип порано се стиши, а кривата на инфекции од коронавирус забележи пад, но не беше спречена високата стапка на смртност. Во Шведска од овој вирус досега починале околу 4.400 лица, што е далеку над бројот на починати од Ковид-19 во соседните нордиски земји, коишто се заложија за построги мерки за борба против пандемијата.

Фото: Freepik