Што знаеме, а што не знаеме за вакцината против коронавирус

66

Одобрување на вакцината за коронавирус е на прагот, сепак, сè уште има неодговорени прашања.

Ефикасност: Фармацевтските компании Pfizer и BioNTech тврдат дека нивната експериментална вакцина е 90% ефикасна во спречување на инфекција со Ковид-19. Сепак, ова е само првична проценка. Податоците за ефикасноста во рамките на специфични демографски групи сè уште не се достапни.

Леиф Ерик Сандер од болницата Шерити во Берлин вели дека сè уште не е утврдено нивото на ефективност за луѓето кои припаѓаат на ризични групи. Тврдењето за ефективност од 90% допрва треба да биде објавено во медицинско списание, вели Сандер. Ако тврдењето се докаже, тоа ќе биде невообичаено висок процент на ефикасност.

Достапност: Европската комисија со месеци преговараше со Pfizer и BioNTech за вакцината да ја добијат членките на унијата штом стане достапна. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан рече дека Берлин побарал 100 милиони дози вакцини. Членките на ЕУ ќе добијат дози според бројот на жители.

Дистрибуција: Кој прв ќе ја добие вакцината. Стари лица, посебно оние со акутни болести, здравствени работници, владини службеници, полицајци, пожарникари и наставници.

Практична примена: Според Шпан, вакцинацијата ќе се одвива во назначените центри, кои ќе бидат формирани во Германија во текот на следните 10 дена. Мобилни медицински тимови исто така ќе извршат вакцинација. Маркетингот и чувањето на вакцината може да биде предизвик со оглед на фактот дека вакцината мора да се чува на -70 степени Целзиусови.

Времетраење на имунитетот: Малку е веројатно дека една доза на вакцина против коронавирус може да го направи примателот имун за цел живот. Експертите велат дека вакцинацијата ќе треба да се повтори, слично како за грипот. Големото неодговорено прашање е дали некој што примил вакцина, сепак може да го пренесе вирусот на други. Ова може да биде голем проблем во случај на здравствени работници.

Фото: Freepik