Швајцарија: Продадени помалку, но поскапи и полуксузни часовници

82

Вредноста на извозот на часовници од Швајцарија во текот на минатата година е зголемена за 2,4% поради добрите продажни резултати остварени во неколку источно азиски земји.

Во исто време се забележува пад на продажбата за 11,4% на пазарот во Хонг Конг, поради ескалација на демонстрациите. Инаку, Хонг Конг е најголем пазар за швајцарски часовници и регионален дистрибутивен центар за луксузни производи. Според официјалните податоци на швајцарското здружение што ги опфаќа производителите на часовници, 12,3% од вкупниот извоз отпаѓа на Хонг Конг, што изразено во пари е околу 22,3 милијарди долари.

Иако вредноста на извозот е зголемена, количината на продадени часовници на странски пазари е намалена за 13%, на 20,6 милиони парчиња, што е на ниво од почетокот на 80-тите години на минатиот век.

За зголемување на вредноста на ланскиот извоз најмногу заслуга има зголемената продажба на скапи и луксузни часовници, вклучувајќи механички и часовници со благородни метали чија цена се движи околу 3.000 евра.

Најголем пораст на продажбата на швајцарски часовници има во: Јапонија, Кина, Сингапур, Велика Британија и САД, додека на пазарите во Европа е забележана стагнација.

Фото: Pexels