Шведска компанија прави ветерни турбини од дрво

100

Wind Power Monthly, компанија од Шведска користи дрво за да изработи ветерни турбини. За да се изработи една турбина на конвенционален начин потребни се 200 тони челик.

Но, од шведскиот производител велат дека со дрвените турбини не само што се намалува емитувањето на штетни гасови при изработката, туку истите многу полесно се транспортираат во делови.

Главниот технички менаџер, Ерик Дулеруд објаснува дека користат ламинатна фурнирна граѓа (LVL) со цел да ја добијат потребната цврстина.

Една дрвена кула од 150 метри има за 30% помала тежина и ги намалува трошоците за производство за 40% споредено со ветерна турбина од челик, пишува Tree Hugger.

Она што е најважно е дека дрвото е природен производ и може да се обезбеди локално, креирајќи работи места и останати бенефиции.

На овој начин, според Wind Power Monthly, се намалуваат штетните CO2 гасови за 2.000 тони од само една кула.

Фото: Pixabay