Шведска откри свинско месо во словенечка халал салама

31

halal slШведската Агенција за храна откри присуство на значителна количина свинско месо во говедска салама со халал сертификат од Словенија. Словенечките медиуми наведуваат дека станува збор за говедски кулен на произведувачот Кошаки ТМИ од Марибор.

Оваа компанија халал сертификат поседува од 2007 година.

Портпаролот на шведската Агенција за храна, Луис Најхом изјави дека за резултатите од тестрањето ќе биде известен произведувачот во Словенија, но и Европската унија затоа што се работи за неправилно означување на производи.

Од 99 говедски производи што ги тестирала агенцијата, девет биле позитивни на свинско месо. Еден примерок содржел свинско нешто помалку од 1%, седум помалку од 0,1%, додека словенечкиот кулен содржел 10% свинско месо.

Директорот на Кошаки ТМИ, Јуре Бојнец, за словенечките медиуми не сакал да го коментира случајот затоа што бил на пат во САД.

Халал сертификатот гарантира дека производот е добиен од животно заклано според муслиманските верски прописи и дека не содржи свинско месо.