Шведската економија се врати на ниво од пред пандемијата во првото тримесечје од оваа година, закрепнувајќи подобро и посилно од другите богати земји, јавува Bloomberg.
Бруто домашниот производ на скандинавската земја остана непроменет во однос на првото тримесечје од минатата година, покажуваат статистичките податоци од официјален Стокхолм.
Шведска се врати на врвот на економската активност од пред појавата на вирусот побрзо од поголемиот дел од европските земји, потпомогната од скокот на побарувачката и силниот раст на извозот. Економијата порасна за 0,8%, што е помалку од почетните податоци за раст од 1,1% и слично е со прогнозите на економистите.
Фото: Pexels











