Систем на Jaguar Land Rover ќе го анализира расположението на возачот

45

Фото: Pixabay

Британскиот производител, Jaguar Land Rover, развива систем во којшто вештачка интелигенција и биометриски сензори го следат возачот и го проценуваат неговото расположение за да може возилото да се прилагоди, пишува Cars Coops.

Системот го анализира изразот на лицето на возачот за да го следи и процени нивото на стрес, за да ја прилагоди работата на клима уредот, светлото и музиката во автомобилот…

Но, целиот систем не се фокусира само на расположението на возачот, туку и на совозачот и останатите патници. Главната функција на системот е да ги одржува возачот и совозачот будни и внимателни, особено при подолго патување.