Систем за електронско управување со документи

37

Напредокот на проектот Систем за електронско управување со документите ќе го презентира денеска министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Проектот, кој започна да се имплеменира во 2009 година, предвидува државните службеници во 21 државна институција преку унифициран систем електронски да ги креираат и управуваат сите видови документи.

Унифицираниот систем значително треба да ги подобри способностите и капацитетите за управување со документи во институциите, да обезбеди целосна автоматизација на работните процеси и запазување на роковите за процесуирање на предметите. Со тоа со треба да се намалат времето и трошоците за работа и да се подобри ефикасноста на институциите.