Сите бензински пумпи во Германија ќе мора да имаат полначи за електрични автомобили

87

Германија ќе им наложи на бензинските станици во земјата да обезбедат простор за полнење електрични автомобили, пренесува Reuters.

Оваа мерка е дел од планот на земјата за економско закрепнување во висина од 130 милијарди евра. Се очекува дека на овој начин ќе се поттикне побарувачката за овој вид на автомобили.

На овој начин, над 14.000 бензински станици низ Германија ќе бидат опремени со полначи за електрични автомобили, што може значително да ја зголеми побарувачката за овие возила. Инаку, возачите биле загрижени за оперативното движење на автомобилите на електричен погон, што беше главна причина за слаба побарувачка на ваквите возила.

Во Германија минатата година се регистрирани само 1,8% автомобили на електричен погон.

Фото: Freepik