Скандал во Nike: Директорка поднесе оставка откако нејзиниот син препродавал патики

124

Потпретседателката и генерална директорка на Nike за Северна Америка, Ен Хеберт поднесе оставка откако се дозна дека учествувала во бизнис со препродажба на нејзиниот син, објави компанијата.

25 години работела во компанијата

Минатата недела изби скандалот, кога медиумите пренесоа дека Џо, 19-годишниот син на потпретседателката на Nike, ја користел нејзината кредитна картичка за купување на лимитирани серии патики вредни повеќе од 100.000 долари за препродажба преку неговата компанија West Coast Streetwear.

Џо наводно рекол дека неговата мајка, која е на висока позиција во компанијата би можела да добие отказ поради тоа што го направил и дека таа никогаш не му давала инсајдерски информации, како кодови за попусти.

Компанијата Nike соопшти дека наскоро ќе го претстави новиот шеф на својата северноамериканска дивизија.

Фото: Pixabay