Скок на цените на нафтата

29

Цените на нафтата забележаа скок на меѓународните пазари на 64 долари. Како причина за тоа се наведуваат охрабрувачките податоци од европската индустрија и проценките дека водечките производителите ќе продолжат со ограничување на понудата на нафта.

На лондонскиот пазар, цената на барел порасна за 1,02 долари на 63,76 долари. На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 1,23 долари повисока цена, односно по 60,39 долари.

На пазарите преовладуваше стравот за побарувачка поради повторното воведување на рестриктивните мерки во Европа.

Загриженост предизвика и прогнозата на Организацијата на земји извознички на нафта – ОПЕК и нејзиниот сојузници, според која побарувачката оваа година, поради новиот бран рестриктивни мерки би требало да порасне за 300.000 барели дневно, што е послабо од претходните очекувања.

Фото: Freepik