Скок на добивката на BMW

52

BMW објави дека профитот во третиот квартал скокна скоро 10% благодарение на растечката кинеска побарувачка.

Германскиот авто гигант ги подобри прогнозите за цела оваа година. Кварталната добивка на BMW пред оданочување порасна за 9,6% на 2,46 милијарди евра.

Возилата на BMW забележаа раст на испораки од 9,8% благодарение на скокот од 31% во Кина. Тоа помогна да се надомести падот на побарувачката за 15,7% во САД, кои се силно погодени од пандемијатa на коронавирус, соопшти германскиот производител на автомобили.

Фото: Pixabay