Скокот на цената на златото го направи најбогат во Русија

188

Русинот Сулејман Керимов и неговото семејство, кои се сопственици на најголемиот руски производител на злато, Polyus, за првпат се најде на врвот на листата најбогати претприемачи од оваа земја, според податоците на Forbes, пренесува Sputnik.

Керимов, со богатство од 24,7 милијарди долари, е најбогат во Русија, а на глобално ниво е на 46-то место.

Скокот на богатството на Керимов е поради големиот скок на цената на златото, а како резултат на тоа е зголемено за 1,7 милијарди долари.

Керимов го симна од тронот Владимир Потатин, еден од косопствениците на компанијата за производство на метали и руда, Nornickel, со богатство проценето на 24,6 милијарди долари.

Претходно оваа недела, цената на златото за првпат надмина цена од 2.000 долари по унца.

Фото: Pixabay