Скопје Мериот хотел со нов генерален менаџер

34

 

Волфганг Колер е новоименуваниот генерален менаџер на Скопје Мериот хотел. Со преку 10 годишно искуство како генерален менаџер, а 32 години во Мериот компанијата, Колер во Скопје доаѓа од Нижни Новгород, западна Русија, каде што го отворил првиот интернационален хотел со 5 ѕвезди – Sheraton Nizhny Novgorod.

Колер, на Мериот хотелите првпат им се приклучува во 1986 година и тоа во Виена Мериот хотел, по што следат хотели во повеќе земји низ целиот свет меѓу кои и Полска, Германија, Соединетите Американски Држави, Костарика, Турција, Унгарија, и Русија. Неговата прва позиција како генерален менаџер беше во Courtyard Istanbul Airport хотел во 2009 година.

Работејќи во различни земји и култури, Волфганг Колер се стекнал со богато искуство и големо знаење во угостителскиот сектор. Како претходни успешни професионални достигнувања се вбројуваат отворањето на Courtyard by Marriott Istanbul, во Турција, како и на првиот Мериот хотел во Русија, во Иркутцк источно од Урал, исто така Courtyard by Marriott.

Во низата задолженија и ангажмани, постигнува завидни резултати во кој било дел од работата, и се афирмира во врвен професионалец кој што постојано бара нови начини да го надгради искуството на гостите во кој било од Мериот хотелите.

Македонија е 10-тата земја, каде што Волфганг Колер работи во хотелите Мериот.