Скопје Сити Мол го слави третиот роденден со наградна игра, концерт и попусти

44

skopje siti mol

Трговскиот центар Скопје Сити Мол го слави својот трети роденден.

“Скопје, но и цела Македонија пред три години добија ново обележје кое стана симбол во регионот и движечка сила за промовирање на нови трендови, настани и иновативни кампањи. Сите ние имавме три години исполнети со милиони насмеани и задоволни посетители. Од 2-ри октомври епицентарот на сите важни случувања во нашата држава ќе биде Скопје Сити Мол каде во симболика со годините се најавуваат три гламурозни кампањи кои нема да ги остават посетителите рамнодушни“, се вели во соопштението.

Првото и најголемото изненадување е маратонската наградна игра за престижниот JEEP Renegade, Happy Jeep to You. Станува збор за голема наградна игра, која на некој посетител ќе му донесе среќа, покрај шопингот да си замине дома со најновиот модел на JEEP Renegade My2015 1.6. Наградната игра ќе започне на 02.10.2015, кога воедно започнуваат и роденденските денови во молот, а ќе заврши на 31.12.2015.

Второто изненадување е Маратонски Шопинг, кој ќе трае од 2-ри до 4-ти октомври, тридневен период кога сите посетители ќе можат да се опуштат со драстично намалените цени во продавниците.

Третото изненадување е закажано за 3-ти октомври сабота, за кога се најавени два настани, Late Night Shopping вечерта кога сите продавници работат до 00:00 часот и концертот на популарната музичка група во регионот S.A.R.S.