Скопје vs Баку

111

Ако сте во Скопје, а сакате да ја посетите азербејџанската престолнина, ќе треба да поминете пат од над 2.377 километри. Модерниот Баку се состои од три дела: Стариот Град, најнапредниот комерцијален дел од градот и делот изграден од советските власти. Според пописот од 2011 година, Баку има 2.045.815 жители.

Баку, град кој во целата своја многувековна историја ги поврзува Истокот и Западот, денес восхитува со единствено културно наследство и со динамичниот стил на живот. Овојпат Баку и нашиот главен град се наша споредба со помош на Numbeo.

На пример, за ручек за двајца во ресторан во Скопје треба да одвоите 16,26 евра, додека во Баку ќе чини 23,69 евра. Лименка газиран сок од 0,33 литри во Скопје се продава за 1,27 евра, додека во Баку е 0,37 евра.

Векна од половина килограм леб во маркет во Скопје има цена од 0,47 евра, додека во главниот град на Азербејџан чини 0,26 евра. Килограм ориз во Скопје и Баку имаат иста цена од едно евро. Цената на јаболката, во Скопје е 0,73 евра, а за килограм јаболки во Баку ќе платите 0,69 евра.

Кога станува збор за цени во локалниот транспорт, билет во еден правец кај нас чини 0,57 евра, а во Баку 0,16 евра.

Изнајмување стан со три спални соби во центарот на Скопје има просечна цена од 402 евра, а во Баку 601 евро.

Просечната месечна нето плата во Скопје е 389 евра, а во Баку е пониска и изнесува 292 евра.

Фото: Pexels