Скопје vs Малага

79

Шпанскиот град Малага и нашиот главен град ги делат околу 2.288 километри, а со помош на Numbeo ќе направиме анализа за ценовна “оддалеченост“ на двата града.

Една шолја капучино и шише вода од 0,33 литри во Малага ќе ве чинат 1,55 евра за кафето и 1,04 за водата. Кај нас, пак, за шолја кафе ќе ви наплатат околу 1,37 еврa, а за водата 0,75 евра.

Еден килограм јаболка во супермаркет во Скопје има просечна цена од 0,74 евра, а во Малага достигнува 1,77 евра.

Ако имате потреба од јавен превоз, билет за едно возење во Скопје ќе платите за 0,57 евра, а во Малага 1,30 евра. Почеток на такси услуга во Скопје е 0,65 евра, додека Малага ќе ви наплатат 3,34 евра.

Доколку сакате да бидете потстанар во Малага и сакате да живеете во стан со една спална во централното градско подрачје, тоа ќе ве чини 690 евра. Исто таков стан во центарот на Скопје се изнајмува за 232 евра.

Просечната нето плата во Малага достигнува 1.167 евра, а нето платата во Скопје што е 387 евра.

Фото: Pexels