Скопје vs Ница

166

Франција има многу што да понуди посебно во југоисточниот дел, каде се наоѓаат прекрасни места. Француската ривиера нуди гратчиња со посебен шарм, плажи, вода, но и луксуз. Едно од нив е Ница. Овој прекрасен и популарен град исто така се наоѓа недалеку од италијанската граница, а е создаден од Грците уште во 4-ти век. Тој важел за инспирација на многу големи уметнички имиња, а се дели на два дела – стар и нов.

Стариот дел е карактеристичен по тесните улички и високи, шармантни, камени куќи, а новиот пак, сместен покрај брег, со модерни, широки авении, палми, ресторани, барови и хотели.

Нашиот главен град од францускиот град Ница е оддалечен 1.751 километри. Но, има и големи разлики во однос на многу цени, коишто ќе ги анализираме со помош на Numbeo.

Ручек за две лица во просечен ресторан во Скопје чини околу 16 евра евра, додека во Ница ќе платите 50 евра. Половина литар пиво од домашно производство во ресторан во Скопје има цена од 1,63 евра, додека во францускиот град изнесува 6,50 евра.

Во однос на цените во супермаркетите, меѓу оние производи со најголеми разлики се овие неколку. На пример, килограм кромид во Скопје имаат цена од 0,56 евра, а во Ница 2,17 евра. Килограм домати во нашите супермаркети се продаваат по 0,86 евра, а во Ница 2,92 евра. Ако имате потреба од такси превоз во Скопје, за почеток на оваа услуга ќе платите 0,65 евра, а во Ница четири евра.

Еден месец во приватна градинка кај нас има просечна цена од 171 евра, а во Ница 519 евра.

Недвижнините во Ница имаат исклучително високи цени, па така за изнајмување стан со една спална во централното градско подрачје треба да се одвојат 773 евра, додека кај нас е околу 236 евра.

Огромна е и разликата во просечната месечна нето плата кај нас оваа ставка е 389 евра, а во Ница 1.977 евра.

Фото:Pexels