Скопје vs Рио де Жанеиро

321

Скопје е оддалечено од Рио де Жанеиро околу 9.790 километри, а со помош на Numbeo ќе направиме споредба колку се “оддалечени“ со цените овие два града.

Оброк во ресторан за брза храна во Скопје чини околу 3,25 евра, додека во еден од најпознатите градови во Бразил цената е повисока за 73% или 5,65 евра. Шише вода од 0,33 литри во ресторан во Скопје има просечна цена од 0,79 евра, додека во Рио е 8% поевтино и се продава по цена од 0,72 евра.

Голема разлика од 159% има во цената на лебот, па така една векна леб од половина килограм кај нас се продава по 0,47 евра, а во Рио 1,22 евра. Килограм ориз кај нас е 2% поскап и се продава за 0,98 евра, а во Рио де Жанеиро 0,96 евра. Во маркет во Скопје еден килограм домати чини 0,49 евра, а во овој бразилски град 122% повеќе или 1,08 евра.

Кога ги анализираме транспортните услуги, голема разлика од 101% има кај старт на такси услуга, за којашто во Скопје ќе ви наплатат 0,65 евра, а во Рио 1,31 евра.

Една минута разговор во припејд во Скопје има просечна цена од 0,10 евра, а во бразилскиот град 0,33 евра или 238% поскапо.

Престој на едно дете во детска приватна градинка е околу 177 евра, а во Рио 481 евро или 171% поскапо.

Кога се земаат предвид наемнините, изнајмување стан со една спална во центарот на Скопје чини 229 евра, а во Рио де Женеиро 420 евра или 83% повеќе. Над 102% има разлика во цените на недвижнините на двата града. Па така, метар квадратен во центарот на градот е околу 1.226 евра, а во Рио 2.486 евра.

Просечната месечна исплатена нето плата во Скопје е околу 390 евра, а во градот на карневалите 475 евра или 21% повеќе.

Фото: Pixabay