Скопски пазар евидентираше нето добивка од над 14 милиони денари

13

skopski pazar

Акционерското друштво Скопски пазар евидентираше нето добивка од 14.428.000 денари во првите шест месеци од оваа година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, компанијата оствари нето добивка во висина од 10.157.000 денари.

Приходите од продажба на компанијата беа на ниво од 649.214.000 денари, додека во истиот период лани тие биле 700.262.000 денари.