Скопски пазар ја зголеми добивката за 6,2 милиони денари

20

 

skopski-pazar

Компанијата Скопски пазар оствари добивка од 40.405.000 денари во период од први јануари до 30 септември, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, Скопски пазар оствари добивка од 34.205.000, што е зголемување од 6,2 милиони денари.

За девет месец, компанијата оствари вкупни приходи од 958.875.000, додека во истиот период лани тие беа на ниво од 1.070.300.000 денари.