Скоро 5,4 милиони Канаѓани кои изгубиле работа поради пандемијата земаат помош од 2.000 долари

86

Владата на Џастин Трудо објави дека скоро 5,4 милиони Канаѓани добиваат помош во замена за изгубените приходи поради пандемија на коронавирус.

За оние кои ги загубија своите работни места, канадската влада дозволи месечен надомест од 2.000 долари.

Според последните податоци, 5,97 милиони побарувања се поднесени минатиот месец. На почетокот на мај, помош ќе им биде достапна на малите и средни компании во програмата за субвенционирање плати во висина од 75% од примањата, за компаниите кои ќе докажат дека изгубиле 30 % од своите приходи во март заради пандемијата.

Фото: Pixabay