Скоро 90% од потрошениот јаглен употребен за производство на електрична енергија

26

Бруто-домашното производство на електрична енергија во мај учествува со 53,1% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 89,90% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај оваа година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 524.635 МWh електрична енергија, 10.123 мил. нм3 природен гас, 254.036 тони јаглен и 76.769 тони нафтени продукти.

Фото: Pexels