Сковин со загуба од 117,7 милиони денари ја заврши минатата година

81

Винарската визба Сковин минатата година ја заврши со загуба од 117.784.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2017 година, компанијата оствари добивка во висина од 274.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2018 година се позиционираа на 173.177.000 денари. Од нив, 39.509.000 денари се остварени од продажба на домашен пазар, додека поголемиот дел од 133.668.000 денари е остварен на пазари во странство.