Словачки Eco-Invest заинтересиран за словенечка Палома

25

paloma-556x370

По повлекувањето на полскиот финансиски фонд Abris Capital, словачкиот Eco-Invest сака да го преземе словенечкиот произведувач на хигиенски производи Палома, пишува љубљански Дневник.

Eco-Invest, кој во Босна и Херцеговина е мнозински сопственик на SHP Celex, за Палома нуди повеќе од 18 милиони евра. Докапитализацијата, како што се наведува, би ја следел откуп на акции. Словаците за акција нудат 4,01 евра, додека Abris Capital нудеше 3,3 евра.

Аbris Capital, поради доцнење во реализација на договорот, се откажа од вложување на 15 милиони евра во оваа компанија што е во доминантна државна сопственост.

Палома е фабрика за производство на хигиенска хартија, којашто постои веќе 140 години и вработува околу 700 луѓе. Но, сега се наоѓа во предстечајна постапка поради застарената опрема и големиот долг кон банките.