Словеченка Палома ќе оди на јавна аукција

112

paloma maramcinja

Обидите за приватизација на словенечката компанија Палома, преку докапитализација, ќе продолжат преку јавна аукција, пишува Екапија.

Овој чекор следи откако Аbris Capital, фонд од Полска, поради доцнење во реализација на договорот, се откажа од вложување на 15 милиони евра во оваа компанија што е во доминантна државна сопственост.

Палома е фабрика за производство на хигиенска хартија, којашто постои веќе 140 години и вработува околу 700 луѓе. Но, сега се наоѓа во предстечајна постапка поради застарената опрема и големиот долг кон банките.