Словенечкиот банкарски сектор е 76 милиони евра во загуба

20

Загубите во словенечкиот банкарски сектор пред оданочувањето, во првите девет месеци од оваа година изнесувале 76 милиони евра, објави словенечката централна банка.

Кредитната активност на банките и понатаму се намалува, а кредитниот ризик се зголемува, па уделот на кредити кои коминтетнтите на банките ги отплаќаат со задоцнување поголемо од 90 дена порасна на 14,2%.

На зголемување на кредитниот ризик и загуба на банките и понатаму најмногу влијание имаат отписите на резервациите, кои за една година се зголемени за 20,2%.

Билансот на банките во првите девет месеци е намален за 1,9 милијарди евра, на 46,9 милијарди евра. Променета е и нивната структура, па така банките својата задолженост во хартии од вредност ја намалиле за 1,4 милијарди евра, кај странските банки се раздолжиле за 1,3 милијарди евра, а депозитите на државата во банките се намалени за 900 милиони евра.