Словенија бара европска помош за зачувување на работните места

40

Словенечката влада аплицираше за финансиска поддршка од европските средства преку инструментот SURE за заштита на работните места проценета на 1,1 милијарда евра.

SURE е еден од трите инструменти во висина од 540 милијарди евра, наменети за зачувување на работните места во компаниите и земјите членки на Европската унија, а преку поволни кредити, пренесуваат словенечките медиуми.

Добиените средства, Словенија ќе ги искористи за субвенционирање скратено работно време, ослободување од плаќање на придонеси и слично.

Овој инструмент би требало да почне да функционира откако сите земји членки ќе обезбедат гаранција за заеднички кредит, а би требало да биде на располагање до крајот на 2022 година, а може да се продолжи ако се влоши кризата.

Фото: Freepik