Словенија би можела да добие нов авиопревозник

7

Друштвото за управување со имотот на банките на Словенија изработи бизнис план за потенцијален нов национален авиопревозник. Според планот, новиот словенечки авиопревозник би управувал со флота од пет авиони и би имал околу 200 вработени, пишува Exyuaviation.

Се проценува дека новоформираната компанија ќе забележи загуба од 20 милиони евра во првата година. Се очекува владата до крајот на месецот да одлучи дали ќе се формира нов национален авиопревозник.

Стечајот на Adria Airways, којашто државата ја продаде на германскиот фонд за инвестиции 4К, заврши на втори октомври.

Фото: Pixabay