Словенија драстично го намалува данокот на моторни возила

123

Данокот на моторни возила во Словенија драстично се намалува, а се укинува и дополнителен данок на луксузни возила со зафатнина на моторот над 2,5 литри.

“Просечниот данок на возила, којшто сега изнесува околу 460 евра, ќе се намали на околу 160 евра“, најави словенечкиот министер за финансии, Андреј Ширцељ.

На овој начин за три пати се намалува даночното оптоварување што досега било премногу високо. Се проценува дека по стапнување на сила на новиот закон на почетокот на следната година, годишниот приход на државата по тој основ ќе се намали од 45 милиони евра на 16 милиони.

Сега како основање за оданочување е продажната цена, а во иднина основен критериум за одредување на данокот ќе биде еколошката компонента, односно емисијата на штетни гасови.

Електричните возила во Словенија ќе бидат ослободени од плаќање данок, а истото ќе важи и за олдтајмери, автомобили за спорт, како и за интервентните возила.

Фото: Freepik