Словенија единствена земја од регионот со суфицит во надворешно – трговската размена

47

uvoz izvoz

Словенија од земјите од поранешна Југославија е единствена со суфицит во трговската размена со странство и тоа 102%, што значи дека извозот е 2% повисок од вкупниот словенечки увоз, покажува анализата на агенцијата Анадолија, изработена на основа на последните податоци од државните агенции за статистика од земјите од Западен Балкан, пренесуваат регионалните медиуми.

Во исто време, најмала покриеност на извозот со увозот има Црна Гора и тоа само 17,6%.

Извозот на Македонија во периодот од јануари до јули оваа година изнесуваше 2.204.369.000 евра. Во исто време, увозот изнесуваше 3.305.783.000 евра. Со тоа дефицитот на земјата изнесува 1.101.414.000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесув 66,7%.

Според анализата, Србија во првите седум месеци од годината забележа раст на покриеноста на увозот со извор за 3,6%, во однос на истиот период лани, а Хрватска покриеноста на увозот со извоз го зголеми за 4,1%.

Извозот на Србија е во вредност од 6.488,4 милиони евра, а увозот 8.892,6 милиони евра. Од друга страна, извозот на Хрватска е 5.867.766,2 илјади евра, додека увозот изнесува 9.941.261,6 илјади евра.

Словенија во првите седум месеци од оваа година, оствари извоз вреден 13.357,3 милиони евра, што е за 5,3% повеќе во однос на истиот период лани, додека увозот изнесува 13.096,1 милиони евра.

Во период од јануари до јули оваа година, извозот на Босна и Херцеговина изнесува 2.868.254,8 илјади евра, додека во истиот период увозот изнесуваше 5.319.647,3 илјади евра. Со тоа дефицитот на земјата изнесува 2.451.392,5 илјади евра.

Вкупната надворешно – трговска размена на Црна Гора, во пресметковниот период изнесува 1.191,3 милиони евра, што укажува на пад од 4,6% во однос на истиот период претходната година. Извезената стока има вредност од 178,3 милиони евра, додека увозот вредел 1.012,9 милиони евра.