Словенија ги намалува субвенциите за соларна енергија

63

Словенечката влада ги намалува средствата за субвенции за извори на соларна енергија од 40 милиони евра, колку што ќе исплати оваа година, на само 10 милиони за идната година, пишува Финанце.

Новиот енергетски закон го менува моделот на субвенционирање на соларните електрани и другите обновлили извори на енергија, намалувајќи ги досегашните средства, а предвидува и одредување на квоти средства на располагање за соларна енергија, енергија на ветер и други обновливи извори според трошовната ефективност.

Со овие измени не се задоволни помалите произведувачи на соларна енергија.

Според претседателот на здружението произведувачи на соларна енергија, Роберт Оторепец, одлуката на владата е во спротивност со повеќе европски директиви. Тој додава и дека промената на политиката на субвенции загрозува 2.500 работни места поврзани со оваа енергетска гранка.